комплицира св. и несв.
комплициран прид.

комплицира (св. и несв.)

Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Воспалението на коските ни ја комплицираше како хируршката, така и рехабилитационата постапка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Напротив, работите дури и дополнително се комплицираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во суштина нашата врска беше доста комплицира.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)